5 C
Скопје

МОН ќе креира нов модел на образование – ќе се напушти традиционалниот начин на учење

Министерството за образование и наука неодамна соопшти дека врз основа на „меѓународни искуства ќе се креира наш македонски образовен модел на основно образование“, во кој како што наведуваат, најважно ќе биде учениците да научат критички да размислуваат и носат одлуки.

„Врз основа на меѓународните искуства ќе искреираме наш нов македонски образовен систем на основно образование, кој ќе дава резултати и на домашните и на меѓународните тестирања. Но, клучно, ќе ги научи децата критички да размислуваат и да донесуваат одлуки. Образовниот систем ќе се подобрува врз основа на факти и аргументи што ќе се добијат од Националното тестирање во 2021 година, резултатите од матурата, оценките на крајот од годината и забелешките на учениците, родителите и наставниците“, соопштија од претходно од МОН, по онлајн состанокот на министерката Мила Царовска со претставници од министерствата за образование на Естонија и Грузија, претставничката на УНИЦЕФ во земјава Патриција Ди Џовани, и со претставници на оваа организација од регионални канцеларии.

Царовска: Врз основа на меѓународни искуства ќе создадеме наш модел на образование

Од МОН за „Слободен печат“ велат дека веќе активно се работи на креирањето на тој модел, кој би требало да донесе многу новини во образовниот систем.

Прочитајте и...  Нова германска инвестиција во ТИРЗ Скопје, за вработените повисоки плати од просечната

– Министерството за образование и наука заедно со наставниот кадар, универзитетски професори, домашни и меѓународни организации, веќе работи на развивање нов современ концепт на едукација, што подразбира целосна и суштинска промена на наставните и дидактичките материјали за основно и средно образование, но и начинот на пристапување на наставниците кон учениците – велат од МОН, притоа објаснувајќи кои конкретни промени треба да ги очекуваме во образовниот систем во иднина. 

– Целта е да го напуштиме традиционалниот начин на фактографско учење и да преминеме на образование кое создава граѓани што размислуваат критички и логички и носат заклучоци врз основа на факти, докази и анализи. Да создаваме генерации кои она што ќе се учи во училиште ќе го поврзуваат и применуваат во секојдневното живеење, што е тенденција во цел свет – додаваат од МОН.

Прочитајте и...  Да продолжат разговорите со Бугарија, процесот да заврши со старт на преговорите за членство, порачуваат европските дипломати во земјава

Според овие информации, веќе постои и работна група која ја прави новата концепција за основно образование, а која веќе подготвила и испратила прашалник со истражување до сите наставници за да се утврдат нивните ставови и што е тоа што недостига на образованието.

Прашалникот ќе им биде доставен и на родителите и учениците, а ќе има и јавна дебата, во која ќе бидат вклучени и повеќе заинтересирани страни, а кои ќе имаат можност да ги изразат своите ставови и идеи за унапредување и дефинирање на планираниот модел.

– Веќе е доставен прашалник со истражување до сите наставници, а истото истражување ќе се спроведе и кај родителите и кај учениците. Истовремено ќе се работи и на јакнење на наставниците со тоа што ќе се воведе кариерен развој. Концептот ќе биде и предмет на јавна дебата, така што сите заинтересирани и засегнати ќе имаат можност да дадат придонес кон усвојувањето на најдобрата конечна верзија која очекуваме да започне сукцесивно да се применува од учебната 2021/2022 година – нагласуваат од МОН.

Образовните асистенти се неопходни и значајни во образовниот систем

Поврзани вести

Во Прилеп се подигнува модуларната болница, денеска се затвора ковид-одделот во интерно

Слободен печат

Курти нема да може да учествува на вонредните парламентарни избори во Косово

Слободен печат

Димитров-Клус: Словачка е една од најсилните поддржувачи на политиката на проширување на ЕУ

Слободен печат

Српското МВР: Вучиќ и членовите на неговото семејство биле незаконски прислушкувани

Слободен печат

Штајнмаер: Инаугурацијата на Бајден е големо олеснување за многу луѓе

Слободен печат

Донација од Чешка од 108 000 заштитни маски, 18 000 маски тип FFP2/N95 и 5 000 медицински наметки

Слободен печат

Остави Коментар