МОН: Граѓаните да пријавуваат насилство во училиштата, за секоја пријава ќе има соодветен исход

Фото: МИА

Министерството за образование и наука ги охрабрува граѓаните да пријавуваат какви било форми на насилство меѓу младите во училишните објекти, како и надвор од нив. Уверуваат дека за секоја пријава ќе има соодветен исход.

Институциите на системот постапуваат по секоја пријава за случај за врсничко насилство или било какво девијантно однесување во училиштата. Државата има развиено механизам кој го сочинуваат сет закони, проектни мерки и активности за детекција и справување со врсничко насилство, соопшти Министерството за образование и наука.

Потврда за ова, како што посочуваат, е случајот со девијатно однесување на ученик во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во општина Аеродром, каде е одреден стручен надзор над истиот за време на наставата. Донесена е одлука, вработени од стручната служба во училиштето ќе присуствуваат на часовите и ќе обезбедуваат поддршка на наставниот кадар во работата со ученикот, но и ќе работат директно со ученикот во насока на подигнување на неговата концентрација кон наставната материја и градење на подобар однос кон соучениците.

Јасно е дека образовниот систем има примарна улога во градењето на младите како личности кои треба да ги прифаќаат и применуваат вистинските човечки, етички и морални вредности и норми. Но, какви генерации ќе создадеме не зависи само од наставниот кадар и стручните служби во училиштата. Тоа е обврска на сите општествени чинители, се наведува во соопштението од МОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот