МОН: Ако Комисијата предложи, второто полугодие ќе започне со онлајн настава

Ученик Ученици Училиште коронавирус ковид-19 Скопје Македонија
Првачиња / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Високиот број на заразени од ковид можно е да го измени моделот на настава во второто полугодие. Од Министерството за образование и наука за „Слободен печат“ велат дека за било какви промени во моделот на наставата, насока треба да даде Комисијата за заразни болести.

– За било какви промени на моделот на настава или пак, нови мерки, Министерството за образование и наука ги следи насоките од Комисијата за заразни болести како тело кое ги координира сите активности во врска со спречување на ширењето на заразата. Секако, најпосакувана опција која нема подобра алтернатива и е од најголем интерес за учениците е наставата со физичко присуство да продолжи и во второто полугодие, кое пак, согласно Календарот за организација на учебната 2021-2022 година започнува на 20 јануари, велат од МОН.

Од таму посочуваат дека првото полугодие завршило со 0,18 проценти активни случаи на заболени случаи.

-Информираме дека согласно податоците кои ги добиваме секој ден од училиштата, првото полугодие заврши со 0,18% активни случаи на заболени ученици од вкупниот број на ученици со физичко присуство. Во месец декември, просекот на новозаболени ученици на дневна основа изнесуваше околу 0,01%, соопшти МОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот