Момче во Уругвај бил седум дена со симптоми на ковид-19, викал дека е обичен грип, одбил да се тестира и почина

Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Момче на возраст од 27 години почина од ковид-19 во Уругвај, седум дена по појавата на првите симптоми на вирусот. Тој една од 11-те жртви на 19 март, а настрашно во неговиот случај е што упорно одбивал да прифати дека е инфициран, тврдејќи дека станува збор за обичен грип.

Според локалните медиуми, момчето со денови имало симптоми на ковид-19, меѓутоа упорно одбивал помош. Дури потпишал дека не сака да се тестира против вирусот.

– Тој, како и многу луѓе, не веруваше во коронавирус. Веруваше дека боледува од грип, некоја минлива болест на која не треба да ѝ се обрнува внимание. Кај него се почна со кивање, но одбиваше да се тестира, дури и потпиша дека не сака, соопштија надлежните служби.

Тие наведуваат дека семејството на момчето постојано тврдело дека „политичарите го измислиле коронавирусот“.

– Имаше симптоми околу една недела, но дури кога состојбата почна да се влошува, секогаш велеше дека не сака медицинска помош, објаснуваат надлежните.

Наводно, по неколку дена загриженото семејство успеало да го убеди да направи ПЦР тест кој бил со позитивен наод. Меѓутоа, иако веднаш бил примен во болница, му немало спас.

Инфицирана е, исто така, и неговата девојка, но и таа одбивала медицинска помош. Нејзината состојба драстично се влошила во неделата и итно е сместена во болницата во Минас.

– Има луѓе кјои негираат постоење на коронавирусот. Ситуацијата во цела покраина е загрижувачка. Лекарите велат дека има се помалку слободни кревети на интензивна нега, истакнуваат официјални лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот