МОК потпиша меморандум за соработка со Олимпискиот комитет на Албанија

Фото: МОК

Изминатиов викенд Претседателот на ОКСМ Даниел Димевски имаше работна посета на Р.Албанија каде беше гостин на Претседателот на Олимпискиот комитет на Албанија г-динот Фидел Ули и премиерот на Р.Албанија г-динот Еди Рама.

Во исклучително позитивната атмосфера беше договорен и потшишан Меморандум за соработка помеѓу двата комитети.

Средбата со премиерот на Р.Албанија беше во кабинетот на премиерот каде се разговараше за креирање на нов мултиспорт евент за земјите од југоисточна Европа со што ќе продолжи трендот за подобрување на климата за соработка на земјите од регионов и пошироко.

Претседателот Димевски беше примен и од страна на Министерката за едукација и спорт г-ѓата Огерта Манастирлиу. Посетата на Р.Албанија беше заокружена со посета на спортскиот центар во Корча каде со градоначалникот Сотираќ Фило се отвори темата за збратимување на градот Корча со некој наш македонски град.

Посетата на Корча претседателот Димевски ја искористи и да даде интервју на македонски јазик емитувано на националниот канал на Република Албанија, за потребите на нашата македонска дијаспора од делот на Поградец и Корча

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот