„Модерна” почна тестирања врз луѓе за вакцина против ХИВ

Модерна тестира вакцини против ХИВ/Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Во САД почнаа првите испитувања врз луѓе за вакцина против ХИВ со помош на РНК информатичката технологија, соопштија денеска американската биотехнолошка компанија „Модерна” и меѓународната истражувачка организација за СИДА „Иницијатива за вакцина против СИДА”.

Тестирањата во прва фаза ќе се спроведат во САД, врз 56 возрасни лица со добро здравје и кои се серонегативни.

Иако истражувањата траат веќе четири децении, научниците сè уште не успеале да направат вакцина против СИДА, болеста од која секоја година умираат стотици илјади лица.

Меѓутоа, неодамнешниот успех на информатичката технологија РНК, која во рекордно време овозможи развој на вакцините против Ковид-19, вклучувајќи ја и вакцината на „Модерна”, сега дава нова надеж дека лекот е можен.

Целта на тестираната вакцина е да стимулира производство на одреден тип на антитела што може да дејствуваат против многу варијанти на ХИВ, вирусот што предизвикува СИДА.

Вакцината се обидува да ги научи Б-лимфоцитите, кои се дел од нашиот имунолошки систем, да ги произведуваат овие антитела.

Тестирањето се спроведува на четири локации на Универзитетот Џорџ Вашингтон во САД.

Употребените имуногени се развиени од Меѓународната иницијатива за вакцини против сидата (IAVI), Институтот Скрипс со поддршка на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, Американскиот национален институт за заразни болести (НИАД) и Модерна.

Првото тестирање, лани, кога не беше користена РНК информатичката технологија, го даде посакуваниот имунолошки одговор само кај неколку учесници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот