Млада Србинка убиена во Словенија, злосторникот два дена спиел со телото на задавената девојка

Словенечка полиција/ Фото Архива на Слободен печат

Дваесетгодишниот Лазар Т., Словенец со српско потекло, е осомничен дека во Словенија ја задавил својата девојка, седум години постарата српска државјанка Емилија М., јавија локалните медиуми.

Според извештаите, кои се базираат на информации од полицијата, младиот злосторник прво ја претепал девојката, а потоа ја задавил.

Бруталното злосторство се случило во четвртокот, а било откриено дури во понеделникот. Соседите изјавиле дека слушнале звуци од станот и жена која вика: „Пушти ме“. Кога сакале да повикаат полиција, велат тие, звуците престанале и злосторството останало неоткриено следните денови.

Младиот убиец два дена спиел покрај својата мртва девојка, пишуваат словенечките медиуми.

И тој и убиената девојка ѝ биле претходно познати на полицијата, а и двајцата имале забрана за приближување до своите мајки. Тој имал пријава и за нарушување на јавниот ред и мир поради тепачка, а имал и проблеми со полицијата поради дрога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот