Млад скопјанец почина од маларија: Се вратил од Гана, по што му се влошила здравствената состојба

комарец

Ова не е прв случај на пациент кај нас кој завршил фатално од маларија, а причината за лошиот исход е и во тоа што неажурно се бара лекарска помош.

Триесет и петгодошен скопјанец е нова жртва на маларија во Македонија. Тој, како што дознава „Слободен печат“, престојувал во Гана каде и најверојатно настанала инфекцијата, а по враќањето тука, здравствената состојба му се влошила.

Тегобите му се појавиле пред една недела, а здравствената состојба драматично му се влошувала.

– Кога дојде кај нас беше веднаш хоспитализиран, болеста е дијагностицирана за еден час, но за жал не можеше многу да се направи, бидејќи состојбата му беше навистина тешка – велат од Клиниката за инфективни болести.

Како што неофицијално дознаваме, пациентот пред да побара помош на Инфективна клиника бил лекуван и во една приватна болница.

Лекарите кои работат на оваа проблематика велат дека, иако има заштитна терапија која треба да се пие за да не се добие маларија, сепак, оние кои престојуваат во ризичните подрачја одбиваат да ја земаат затоа што им прави тегоби на стомакот, а и треба да се зема секој ден во текот на целиот престој. Нашите граѓани кои работат во Африка остануваат таму и по неколку месеци се враќаат тука, па пак одат, поради што прилично е долг периодот во кој треба да земаат профилактична терапија.

Ова не е прв случај на пациент кај нас кој завршил фатално од маларија, а причината за лошиот исход е и во тоа што неажурно се бара лекарска помош.

– Пациенти кои патуваат во подрачја каде има маларија треба да се свесни дека доколку добијат симптоми како покачена температура, главоболка, ако чуствуваат замор, имаат симптоми на гадење и повраќање, треба да проверат дали можеби се работи за маларија. Колку порано се постави дијагноза, толку е подобар исходот на лекувањето – велат од Инфективната клиника. (М.П.)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот