МИЗЕРИЈА: Шкендија со три црвени картони го заврши европското лето (ВИДЕО)

Фото: Фејсбук/Шкендија

После Македонија Ѓорче Петров, Академија Пандев и Шкупи, денеска и Шкендија го заврши премногу рано европското фудбалско лето.

По првите 90 минути во Скопје од второто квалификациско коло на Лига Европа, македонскиот шампион имаше негатива од 1:2 против Дуделанж.

принтскрин/UEFA.com

За реваншот и натаму владееше оптимизам дека може да се анулира негативата, но не успеаја фудбалерите на Ќатип Османи кои на крајот одиграа нерешено 1:1 (0:0).

Како што и се очекуваше тетовските „црвено-црни“ повторно во поголем дел од мечот ја контролираа топката, со повеќе шанси. Повторно среќата им го вртеше грбот, погодена пречка во првото полувреме, а потоа и во одлична шанса се најде и Агим Ибраими, но не ја погоди целта.


Џабе толкава надмоќност и по некое непишано правило, кога шансите не се реализираат, казната стигнува. Претставникот на Луксембург и на возвратниот дуел не делуваше така опасно, но ја чекаа својата шанса, и ја дочекаа во 78 минута кога стрелаше Делгадо со глава.

Дури во 92 минута успеа Шкендија конечно да постигне гол, и тоа од слободен удар кој убаво го изведе Агим Ибраими за својот четврти гол летово, претходните три ги постигна од пенал.

Остана уште малку време за евентуални продолженија, но немаше втор гол во домашната мрежа. Нервите на крајот не издржаа во редовите на Шкендија, претходно во 84 минута црвен картон доби Муслиу, па во 94 минута Нафиу кој фаулираше, а на што бурно изреагира Агим Ибраими кон велшкиот судија, па и тој беше исклучен. Едноставно полошо од ова не можеше да биде…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот