Јошко Миленкоски/фото Слободен Печат/Драган Митевски

Митови и факти | Јошко Миленкоски: Со владиниот авион на Црна Гора долетав на погребот на Тоше

Јошко Миленкоски е најтрофејниот македонски тренер во сите екипни спортови во Македонија. Предводејќи го тимот на Работнички Фершпед, тој 15 пати беше државен првак, а во 13 наврати го освои трофејот во националниот куп.

Во Митови и факти, Миленкоски зборува за своите почетоци, за играчките денови и се разбира за тренерската кариера. Интернационалниот ангажман му започнува во екипата на Будванска ривиреја, а оттаму носи многу интересни спомени од контактите со Светозар Маровиќ, висок функционер на Црна Гора, а своевремено беше и претедател на државната заедница на Србија и Црна Гора.

– Oд секој аспект беше едно големо искуство, особено односите со раководсвото, со Светозар Маровиќ. Еден факт не можам да го заборавам, кој ќе остане за секогаш, нешто што тешко некој спортист може да го доживее, не е убаво да се зборува за настанот, меѓутоа после загинувањето на Тоше Проевски, следниот ден беше погребот во Крушево и беше невозможно. Со Тоше бевме големи пријатели, беше редовен посетител на нашите натпревари, фактички тој играше за екипата на Синалко во Крушево, го оформи клубот, многу ја сакаше одбојката, беше редовен посетител на нашите натпревари, фактички пред овај несакан настан беше и гостин во Будва, каде што потпиша договор за настап за Нова година во Будва и непосредно пред тоа се случи тоа што се случи, не можев никако да стигнам и Свето Маровиќ ме повика во неговата канцеларија, вика “ти утре мораш да патуваш” – вели Миленкоски.

Тој е актуелен селектор на Македонија, но многу интересни се неговите сведоштва и за деновите кога репрезентацијата се формира и за прв пат излегува на меѓународна сцена.

Целото интервју со Јошко Миленкоски погледнете го на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот