Минималец на Сити и Палас во Премиер лигата
Лидерот на табелата, Манчестер сити оствари минимална победа во рамките на 21. коло во Премиер лигата и го задржаа првото место. „Граѓаните“ славеа со 1:0 против Шефилд јунајтед, а стрелец на единствениот гол беше Габриел Жесус уште во деветтата минута.
Сити по новата победа сега има 44 бода, четири повеќе од градскиот ривал кој вечерва го очекува дерби пресметка со Арсенал.
Минимален триумф оствари и Кристал Палас против Вулверхемптон. Човек на одлука беше Еберечи Езе кој во 60. минута го постигна голот за победа за Кристал Палас.
Непријатен пораз доживеа Евертон кој на домашен терен е совладан со 0:2 од Њукасл. Ова беше прва победа по десет порази за менаџерот Стив Брус во дуелите со Евертон. Јунак на Њукалс беше Калум Вилсон кој ги постигна двата гола, првиот во 73. минута, а вториот во самиот финиш од натпреварот, во 88. минута.
Резултати:
Евертон – Њукалс 0:2
Кристал Палас – Вулверхемптон 1:0
Манчестер сити – Шефилд јунајтед 1:0
ВБА – Фулам 2:2