Мини уштипци со кисело млеко: Највкусното тесто без јајца и прашок за печиво (РЕЦЕПТ)

Уштипци кои се идеални кога немате многу време, а сакате вкусен оброк…

Состојки:350 гр брашно, 300 гр кисело млеко (полномасно), 1 полна лажица сода бикарбона. 4-5 лажици млеко, 1 лажица шеќер, 1 лажичка сол, масло за прежење.

Подготовка: Сода бикарбоната сипете ја во киселото млеко и оставете да се активира. Брашното просејте го во сад и помешајте го со шеќерот и солта. Сипете го нараснатото кисело млеко и мешајте полека додавајќи и обично млеко, лажица по лажица, додека не добиете меко лепливо тесто.

Загрејте го маслото на умрен оган и со лажица земете од мекото тесто, а со друга лажица превртувајте го во зејтинот. Уштипците можете да ги обликувате и со рака, но доколку добро ги замастите.

Пржете ги уштипците додека не добијат златна боја, па вадете ги на кујнски брисач. Откако благо ќе се оладат, посипете ги со шеќер во прав или сервирајте ги со џем, доколку сакате слатки уштипци. Доколку сакате солени, послужете ги со сирење, кајмак, сувомеснато…

Пријатно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот