Милошоски со порака од Инфективна клиника: Првиот тест е негативен на ковид-19, чекам резултат од вториот

Фото: Facebook

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ,  кој воедно е и кандидат за пратеник потврди дека околу 16 часот денеска бил хоспитализиран на Инфективната клиника поради повеќедневна покачена температура.

-Други симптоми немам, дишењето е добро, апетитот и расположението исто така. Вчерашниот тест покажа негативни резултати на Ковид19, но по препорака на специјалист од инфективна клиника, денес направивме уште еден тест, чии резултати се очекуваат во текот на утрешниот ден, напиша Милошоски на Фејсбук.

Пратеникот Антонијо Милошоски хоспитализиран на Инфективна клиника

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот