Милошоски по петти пат стана татко: Се роди синот Филип (ФОТО)

Антонијо Милошоски / Фото: „Слободен печат“

Бившиот пратеник Антонио Милошоски по петти пат стана татко, информираше тој преку Фејсбук. Сопругата Симона се породила во Систина, а синот ќе се вика Филип.

„Драги пријатели,
во ова тешко време за Македонија, нашето семејство посведочи една прекрасна благовест. Тивката Недела ни ја разубави бебешкиот плач на новородениот Филип, синот на храбрата мама Симона, најмалото братче на Илина, Михаела, Дариа и Давид Милошоски. Малку зборови има за да опишам колку сум радосен и возбуден како татко!
Дај Боже, што поскоро да го пребродиме заедно ова невреме и со таа мисла на сите Ви пожелувам многу здравје, и радосни вести за Вашите семејства и најблиските.

Благодарни сме многу на Д-р Филип Вановски (Хистера) и Д-р Златко Палчевски (Систина) и неговиот тим!“, напиша Милошоски на Фејсбук.

Драги пријатели,во ова тешко време за Македонија, нашето семејство посведочи една прекрасна благовест. Тивката Недела…

Publiée par Antonio Miloshoski sur Dimanche 5 avril 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот