Милошевиќ во последен момент се откажа, Гордан Петриќ е новиот тренер на Партизан

Фото: Твитер/FK Partizan

Иако српските медиуми објавија дека се е договорено и Саво Милошевиќ ќе биде новиот тренер на Партизан, поранешниот српски репрезентативец во последен момент се премисли и не ја прифати понудата.

Управата на „црно-белите“ експресно реагираше и го назначи Гордан Петриќ за нов тренер.
Тој на тренерското столче ќе го замени Илија Столица, кој поради катастрофални резултати, вчера доби отказ.

Столица за последен пат го предводеше тимот вчера, кога Партизан беше елиминиран од АЕК од Ларнака во третото коло од квалификациите за пласман во Лигата на Европа.

Петриќ (53) во текот на својата играчка кариера двапати играше за Партизан, а беше играч и на ОФК Београд, Данди Јунајтед, Ренџерс, Кристал Палас, АЕК и Хартс.


Тренерската кариера ја започна во Бежанија во 2013 година, а потоа работеше и во екипите на Синѓелиќ, Земун, Чукарички, Рад, грчки АЕЛ и словенечка Горица.

Негов помошник ќе биде и поранешниот фудбалер на Партизан Алберт Наѓ, а промоцијата на новиот тренер е закажана за в сабота во 16 часот.

Партизан во недела во Нови Сад ќе го одигра натпреварот од шестото коло од српската Суперлига против Младост ГАТ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот