Милош Биковиќ повика на помош: Да се ​​молиме за жртвите во Москва

Фото: Инстаграм/Милош Биковиќ/EPA

Српскиот актер Милош Биковиќ (36) повика на помош на жртвите од терористичкиот напад во Москва, како и на нивните семејства.

Актерот објави дека е време на пост и Рамазан и повика на молитва и помош за жртвите од терористичкиот напад.

„Време е на пост и Рамазан, да се молиме за жртвите. Доколку некој сака да помогне, може да се придружи. Ќе објавиме откако ќе провериме како и кому“, порача Биковиќ во објавата на Инстаграм и Телеграм.

Српскиот актер, кој е популарен во Русија, ја напиша објавата на руски и на српски јазик.

Фото: Инстаграм/Милош Биковиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот