Милан го промовираше и четвртото летно засилување

twitter.com/MilanEye

Милан освен што ја темпира формата преку пријателските мечеви, воедно со нови имиња се освежува тимот.

Станува збор за Исмаел Бенасер, играчот за врска доаѓа во Милан за 13 милиони евра од редовите на Емполи, потпиша договор со „росонерите“ до лето 2024 година.

На почетокот од својата кариера од Франција пристигна во Арсенал каде што настапуваше за У23 тимот, а запиша и деби за сениорите пред четири години.

Но, не успеа да се избори за место во првиот тим, па следуваше позајмица во Турс, а во 2017 потпиша за Емполи.

Играше за У18 и У19 репрезентацијата на Франција, но во 2016 година одлучи да ги брани боите на Алжир.

Досега за новиот африкански шампион запиша 16 натпревари, заклучно со седум мечеви на Купот на африканските нации каде беше прогласен и за најдобар играч на турнирот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот