Фото: КК Партизан

Mијаловиќ се збогуваше од Обрадовиќ: Како човек на кого честа му е над сè, го повлече потегот кој го сметаш за најисправен

Вечерва од Белград силно одекна вест дека Жељко Обрадовиќ повеќе не е тренер на Партизан, легендарниот стратег се прости од црно-белите со емотивно писмо.

Набрзо по писмото на Обрадовиќ се огласи и претседателот на Партизан, Остоја Мијаловиќ.

Жељко, ти се обраќам јавно со истите зборови што ти ги кажав и во нашиот разговор. И како претседател, и како пријател, и како навивач на Партизан, засекогаш ќе бидам благодарен за сè што направи за овој клуб“, порача Мијайловиќ, додавајќи:

„И сега, како одговорен човек кому честа му е над сè, го повлече потегот за кој веруваш дека е најисправен. Твоето наследство во Партизан и во нашиот спорт е ненадминливо и неизбришливо“, гласи пораката на претседателот на гигантот од Белград.

Обрадовиќ Партизан го напушта по очајните резултати оваа сезона, посебно во Евролигата каде што тимот се наоѓа на 16-тата позизција, зад нив се само Макаби и Асвел.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Италијански тренер главен фаворит за наследник на Обрадовиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот