Михајловиќ: Во државата имаме продлабочување на партизацијата на локалната власт и нејзино оддалечување од граѓаните

Катица Михајловиќ / Фото: Архива на Слободен печат

Ќе имаме само продлабочување на партизацијата на локалната власт и нејзино оддалечување од граѓаните. Кај партиите не се гледа волја или пак интерес да се променат состојбите, вели за „Слободен печат“, Катица Михајловиќ од Асоцијација за демократска иницијатива (АДИ), организација која веќе 26 години работи заедно со општините во насока на зајакнување на локалната демократија, зборувајќи за влијанието на партиските лидери при изборот на кандидатите за градоначалници.

-За жал, оваа состојба е длабоко вкоренета во политичката пракса кај нас и прифатено како нешто најнормално. Кај партиите не се гледа волја или пак интерес да се променат состојбите. Така што ќе имаме само продлабочување на партизацијата на локалната власт и нејзино оддалечување од граѓаните. Градоначалниците и советниците ќе останат само продолжена рака на интересите на партиите. Целите и стандардите за добро управување во единиците на локалната самоуправа значат воспоставувањето деполитизирана, функционална и модерна јавна служба ориентирана кон граѓаните. Со партизацијата, локалната самоуправа нема капацитет да одговори на потребите на граѓаните во обем којшто произлегува од надлежностите на единиците на локалната самоуправа, што директно влијае врз животот и квалитетот на услугите кои ги добиваат граѓаните– изјави Михајловиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот