Миха: Им благодарам на сите, а вие момци на тренинг! (ВИДЕО)

фото:твитер

Како што беше тоа случај кон средината на јули кога објави дека боледува од тешка болест, Миха одлучи повторно транспарентен и јавно говори за моменталната ситуација покрај својот доктор пред новинарите во Италија.

– Четири тешки месеци се зад мене. Јас бев во Институтот „Сант Орсола“, каде што имав хемотерапија и со силен карактер го исфрлив сето тоа. Во тие моменти ми требаше многу ментална сила што ја добивав од експертите на Институтот. Сите беа целосно посветени на мене, да не беа сите овие луѓе, јас не би бил пред вас сега. Благодарам на мојата сопруга, Аријана, која беше со мене низ тој страшен период – рече Михајловиќ на почетокот на своето обраќање, а потоа им се заблагодари на сите лекари поединечно и воедно плачеше.

– Се извинувам, емоциите ме преплавија. Извинете што плачев – додаде српскиот стратег.

Оваа прес конференција предизвика голем интерес на Апенините и пошироко, а во неа присуствуваа и неговите играчи кои го поздравија со аплауз.

После воведните зборови се вратија на тренинг, а ги поздрави и Синиша и во шега им порача:

– Им благодарам на сите. А вие момци треба да бидете на терен и да тренирате, но сето ова го правите за да го избегнете тренингот – се шегуваше Михајловиќ.

Да потсетиме, Михајловиќ е отпуштен од клиниката „Сант Орсола“ на 22 ноември откако на 29 октомври му беше пресадена коскена срж.

– Општата состојба на пациентот и неговите хематолошки наоди се задоволителни – се вели во краткото соопштение на Болоња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот