Мигранти се тепале во Ваксинце, двајца повредени

За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Две групи мигранти физички се пресметувале на плоштадот во липковско Ваксинце, двајца од Пакистан биле повредени и се задржани на лекување, информираше денеска полицијата.

Вчера во 14:30 часот во полициското одделение Матејче, Х.И. од село Ваксинце, општина Липково, пријавил дека во близина на поштата во селото бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи мигранти.

-Полициски службеници излегле на местото и затекнале две лица со повреди од остар и тврд предмет, кои немале документи за идентификација и се претставиле дека се М.А.(18) и М.А.(22), двајцата од Пакистан. Тие биле пренесени во болницата во Куманово каде им биле констатирани тешки телесни повреди и биле задржани на лекување, соопшти СВР Куманово.

За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот