Мицотакис и Јеронимос телефонски разговарале за начинот на прослава на Божиќ во Грција

Фото: EPA-EFE/PANTELIS SAITAS

За начинот на кој оваа година ќе се слави Божиќ во Грција, телефонски разговарале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и поглаварот на грчката православна црква, архиепископот Јеронимос, јави дописничката на МИА од Атина.

Од кабинетот на Мицотакис соопштуваат дека за време на разговорот станало збор „за текот на пандемијата во земјата и за начинот на кој ќе се прослави Божиќ во овогодинешните посебни услови” и додаваат дека во следните денови ќе има и официјални соопштенија.

Телефонскиот разговор го најави портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на брифингот со новинарите во понеделникот, а се очекува до крајот на неделава, да  бидат соопштени и одлуките за работата на црквите, фризерските салони и продавниците за малопродажба што се затворени поради карантинот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот