Мицкоски: Заев ќе беше најсреќен да го напуштевме парламентот

Тој рече дека денеска во Собранието се вршел пазар за да се обезбеди двотретинско мнозинство за предлог законот за јавно обвинителство.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е убеден дека на 12 април ќе има предвремени избори, а ако Собранието не се распушти до недела, според него ќе настапи сериозна политичка криза.

– Убеден сум дека ќе се одржат изборите на 12 април. Ако не се распушти Собранието до недела влегуваме во сериозна политичка криза, вели Мицкоски, кој вечерва гостуваше во емисијата на Алфа „Што не е јасно?“ во одговорот на прашањето дали по барањето за разрешување на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи е можно да се случи престврт и да се доведе во прашање одржувањето на изборите.

Тој рече дека денеска во Собранието се вршел пазар за да се обезбеди двотретинско мнозинство за предлог законот за јавно обвинителство.

Прочитајте и...  Се затвори фабрика во Прилеп: Вработен бил во контакт со лице позитивно на коронавирус

– Не би сакал да се симнувам толку ниско да откривам како течел пазарот денеска. Но ова е показна вежба што ќе се случува на 12 април, и ден потоа кога ќе изгуби Заев и ќе се види уште еднаш на што се е подготвен, вели Мицкоски, според кого предлог-законот за ЈО е неуставен и неговата партија нема да го поддржи.

Тој зборуваше и за тоа зошто неговата партија нема да го напушти Собранието, појаснувајќи дека доколку неговата партија се одлучела на таков чекор експресно ќе биле изгласани не само законот за ЈО, туку и  други закони, од кои според Мицкоски ќе профитира семејството на Заев.

-Најсреќен ќе беше Зоран Заев да го напуштевме ние денеска парламентот, сите оние закони за марихуана ќе си поминеа. Најсреќен тој ќе беше ние вчера да завршевме со изјава после ИК на партијата дека го напуштаме парламентот. Сите верувајте денеска на брза трака ќе влезеа сите закони, не закон за обвинителство туку оние закони кои ќе донесеа пари во фамилијата, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитајте и...  Фон дер Лајен се извини: ЕУ денеска се мобилизира за Италија, но тоа не беше секогаш случај

Повеќе причини наброја зошто не го прифаќа законот за ЈО, а меѓу нив повторно го спомена членот 110 каде што, како што рече, „стои јасна амнестија на кривични дела или пак кривични дела кои што се поткрепени со докази на стекнат матерјал како што е снимање итн”.

Прочитај повеќе

Гужвите од маркетите се преселија онлајн: И пензионерите купуваат од дома, а за нарачка се чека пет дена

Вонредната состојба во Италија ќе продолжи до мај?

Слободен печат

Брачен пар од државен карантин преместен во гостиварската болница, се чекаат резултатите од тестирањето

Слободен печат

Кинеската економија се опоравува- Европа во колапс

Дејан Андоновиќ

МТСП апелира лицата што останаа без работа да аплицираат за минимална помош

Слободен печат

Најмалку 884 лица починале во старските домови во Франција

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Тестот бил негативен – починала по четири дена: Самохрана мајка најмладата жртва во Русија

Слободен печат

Шпан: Лекот за коронавирусот ќе се појави на пазарот пред вакцината

Слободен печат

Уште 26 лица сместени во хотелот „Молика”, капацитетот исполнет

Слободен печат

Позитивниот дух посилен од Ковид-19: Докторка од Куманово секој ден ја опишува борбата со вирусот

Гугл објави извештаи за движењето на луѓето

Слободен печат

Вархеји: ЕУ подготвува економски план за развој на Западен Балкан