Мицкоски заедно со Ставревски ќе го контролираат работењето на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски и Ставревски ќе ја следат реализацијата на проектите на градоначалниците ветени пред граѓаните/ Фото: Колаж на СП

Формирано е работно тело кое ќе ја следи реализацијата на проектите што беа ветени во кампањата за локалните избори и со него ќе раководи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, со логистика на Зоран Ставрески и Оливер Шамбевски.

„Во програмите ‘Гарантираме’ се опфатени точно 14 835 проекти од различни сфери и области, решенија за реалните проблеми на народот. Со овие програми се предвидуваат 2 000 улици низ цела држава. Градба или реконструкција на 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредни општини и многу други конкретни дела. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ соопшти пред градоначалниците дека овие проекти мора да имаат соодветен план и динамика за развој, при што работното тело ќе биде од помош при овозможувањето на совети и размена на знаења при нивното имплементирање.Во работното тело, кое ќе биде раководено од Мицкоски ќе бидат и Зоран Ставревски и Оливер Шамбевски“, се наведува во објава на фејсбук страницата на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски изрази задоволство од првичното започнување на крупни капитални проекти од градоначалниците, и воедно потенцираше дека е од исклучителна важност внимателно и доследно да се запазат ветувањата и да се овозможат промените ветени пред граѓаните со цел обезбедување на новата иднина во која граѓаните веруваат и дадоа поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот