Мицкоски за претстојните избори: ВМРО ДПМНЕ ќе освои 61 пратеник

Бројките кои ги имам јас и се дел од партиските мерења јасно покажуваат дека има простор за раст и јасно покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ на следните избори може да дојде и да се надева на една таква победа, односно од 61 пратеник, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на Канал 5.

 

Мицкоски укажа дека процентите за доверба во ВМРО-ДПМНЕ се од 100 проценти. Оттука додаде тој, ако од милион и осумстотини имаме 20 проценти и ако излезноста е околу 50 проценти значи дека ВМРО-ДПМНЕ може многу лесно да дојде до тој 61 пратеник.

„Тоа ни е многу важно за да ги реализираме целите. Власта пак е онаа која на дневна основа и нејзината работа е пред судот на јавноста. Власта е таа која на дневна основа води политики кои или се добри или лоши или народот тоа го гледа. Доколку водите политика која е погрешна поддршката добиена на избори паѓа.  Тоа е случај со СДСМ. Луѓето гледаат дека не е испорачано и тие се под нивниот историски минимум, а ВМРО-ДПМНЕ се консолидираше“, кажа Мицкоски.

Според него тоа е и основна задача на опозицијата.

„Консолидирање на своите гласови е основна задача и тоа го констатирате со тоа дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е константен. И на избори опозицијата дава своја понуда и тогаш тој рејтинг или оди нагоре или ако понудата не е добра за бирачите оди надолу“, кажа Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот