Мицкоски вечерва го свика Извршниот комитет

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски звечерва во 18 часот го свика Извршниот комитет на партијата откако во минатата недела претседателот на Собранието Талат Џафери не го стави на гласање отворањето на Уставот бидејќи власта немаше 80 пратеници за да почне процедурата за уставните измени.
Според информации од ВМРО-ДПМНЕ, очекувањата се дека на Извршниот комитет ќе се реафирмира ставот за оддржување на предвремени парламентарни избори како врврн приоритет откако власта не обзбеди двотретинско мнозинство за измени на Уставот.

Мицкоски во телевизиско гостување по собраниската седница за уставни измени рече дека Македонија е во политичка криза и дека единствен излез се предвремени парламентарни избори на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди конкретно решение за излез од проблемот.

Од ВМРО-ДПМНЕ повторуваат дека Владата е делигитимирана, а премиерот Димитар Ковачевски дефакторизиран и единствено решение се предвремени избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот