Мицкоски доби овластување од Извршниот комитет да не дозволи уставни измени под диктат

Тимчо Муцунски / Фото ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на лидерската средба ќе му каже на премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски дека нема да добие поддршка за уставни измени под диктат и под околности кои се поразителни за Македонија. Ова се овластувањата кои Мицкоски ги добил од Извршниот комитет на партијата во пресрет на денешната лидерска средба со Ковачевски, изјави  потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски. Тој повтори дека следниот чекор по лидерската средба е власта да ги достави амандманите за уставните измени во Собранието  и откако за нив ќе се покаже дека нема мозинство да се распишат предвремени парламентарни избори.

„Носењето на уствани измени во состојба кога е нападнат националниот и државен идентитет на македонскиот народ кога се оспорува јазикот, историјата и културата не е никаков чекор напред. туку отворање на вратата за нови поразителни условувања и себеодрекувања. Поради лесните отстапки и штетните политики на власта, Македонија веќе е во изолација Измама е тезата дека на лидерската средба се одлучува за интеграција или за изолација. На лидерската средба се одлучува или за уставни измени и национални порази или за одбрана на националните и државните интереси. За ваквата подредена состојба на државата е виновна криминализираната власт на ДУИ и на СДСМ“, рече Муцунски.

Тој додаде дека Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во името на огромно мнозинство македонски граѓани бара фер шанса иста каква што ја имале останатите народи од Централна и од Источна Европа кога пристапувале кон ЕУ.

На прашањето кои се следните чекори Муцунски рече дека власта треба да ги достави амандманите за измени на Уставот во Собранието.

„Следниот чекор е овие амандмани да ги достават во Собранието и да видиме дали има мнозинство, а нема. Следниот чекор по овој капитален неуспех се предвремени парламентарни избори. Сите да ја понудиме својата алтернатива за како ќе се поспеши евроинтеграцијата, дали преку попустлива надворешна политика или преку политика која гарантира извесност врз основа на принципи. За ова најдобар одговор граѓаните ќе дадат на избори. Тој е единствениот излез од ќорсокакот“, смета Муцунски.

Тој потврди дека на лидерската средба ќе се разговара за предвремени парламентарни избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот