Металург преку Струга си обезбеди место во „малото“ финале!

фото: facebook.com/ihtstruga/

Металург со убедливата победа против домашната екипа на Струга ја заврши групната фаза на традиционалниот ракометен турнир.

Во првиот денешен натпревар од третиот ден тимот од Автокоманда славеше против стружани со резултат 35:24 (17:12).

Победата на Металург ја најави високото водство уште во почетната фаза на средбата од 5:1. Својата предност ја задржаа играчите на Кастратовиќ до самиот крај на првото полувреме.

Оваа разлика на почетокот на вториот дел се зголеми за дополнителни четири гола (22:13), со што стана јасно дека Струга нема да има сили да избегне висок пораз. Во денешната победа доминираше Кондев со шест голови, еден помалку запиша Хорват.

Така, со триумф ја ја завршија својата обврска во групата „Б“ и в сабота ќе имаат слободен ден, а во недела најверојатно ќе играат во малото финале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот