Металург ги дозна ривалите за влез во групите на ЕХФ Купот

rkmetalurg.mk

После елиминацијата на Пелистер и на Бутел, клубот од Автокоманда е единствениот македонски претставник во второто по квалитет европско ракометно натпреварување.

„Сино-белите“ беа директно сместени во последното трето квалификациско коло, како последна пречка за влез во групната фаза на ЕХФ купот.

ЕХФ воедно ги објави двата шешири пред ждрепката во вторник (15. октомври) која ќе започне од 11.00 часот во Виена за извлекување на двојките од третото квалификациско коло.

РК Металург се наоѓа во групата на носители и ќе добие ривал кој што доаѓа од вториот шешир, помеѓу нив се Бенфика на македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски, ЗТР Запорожје кој за еден гол беше подобар од Бутел, а со две високи победи Винтертур го елиминираше Пелистер.

– Алпла Хард (Австрија), Ахилес Бошолт (Белгија), СКА Минск (Белорусија), Талент Плзен (Чешка), Адемар Леон (Шпанија), ПАУК Хандбал (Франција), Олимпијакос (Грција), Чурго (Унгарија), Арендал (Норвешка), Азоти-Пулави (Полска), Горник Забрзе (Полска), Бенфика (Португалија), Горење Велење (Словенија), Винтертур (Швајцарија), Малме (Шведска) и ЗТР Запорожје (Украина).

Натпреварите од третото коло ќе се одиграат во термините 16/21 ноември 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот