Металург „генералка“ за Вардар пред спектаклот во Келн

Фото: РК ВАРДАР

Првично овој меч беше закажан за на 4. јуни, но дојде до промена, па дербито ќе се одигра вечерва по договор на двете екипи. Мечот, Металург- Вардар својот почеток ќе го има од 19:00 часот.

Се очекува како на претходниот натпревар против Пелистер, така и на овој дуел со Металург, шампионот да настапи со младински состав, со оглед дека веќе ја обезбедив 13. шампионска титула.

Овој меч ќе биде како последен тест за „црвено-црните“ пред завршниот турнир во Келн, па тренерот Парондо сигурно дека нема да ризикува, па својот најсилен состав ќе го чува за последните два најважни дуели оваа сезона.

После овој дуел фокусот на вардарци ќе биде Фајнал фор турнирот во Келн, а таму во полуфиналето на 1. јуни ќе ги одмерат силите против Барса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот