Мет Дејмон за можното помирување на Бен Афлек и Џенидер Лопез: Ги сакам и двајцата

epa-efe
епа-ефе

Еден од најблиските пријатели на Бен Афлек, холивудскиот актер Мет Дејмон го прокоментира можното помирување на неговиот колега и пријател со Џенифер Лопез.

48-годишниот Мет Дејмон, кој е пријател со Афлек уште од детството, гостуваше во шоуто „Today“ каде беше прашан од водителите Савана Гатри и Хода Котб дали знае нешто поврзано со Бен Афлек кој неодамна почна да поминува време со својата стара љубов Џенифер Лопез со која беше свршен пред скоро две децении.

epa-efe
EPA-EFE/JIMMY MORRIS

Нема толку многу алкохол на светот што ќе ме натера да кажам нешто во врска со тоа“, се пошегува Дејмон.

Откако Дејмон се обиде да не го коментира моменталниот статус на Афлек и Лопез, актерот кој моментално е во Австралија, повторно беше прашан како дознал за неодамнешните вести во врска со двајцата.

Само што дознав. Седев тука и се подготвував за шоуто. Прв пат слушам за тоа“, рече Дејмон.

Џенифер Лопез и Бен Афлек „фатени“ заедно во Монтана: Дали „Бенифер“ се враќа по 17 години?

И што си помисли?“, го праша водителот.

Тоа е фасцинантна приказна… Се надевам дека е вистина. Ги сакам и двајцата. Се надевам дека е вистина. Тоа би било одлично“, рече актерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот