Меси во Барселона до крајот на кариерата!?

фото: твитер

Желбата на Бартомеу е новиот договор да биде биде потпишан пред неговиот мандат да истече следниот јуни.

Екипата на Барселона ќе му понуди нов договор на аргентинската ѕвезда до лето 2023 година, информира „Мундо Депортиво“.

Клубот сака да го задржи играчот до крајот на кариерата, важечкиот договор на Лионел Меси е до 2021 година, а до неодамна имаше опција што му дозволуваше да го напушти каталонскиот клуб во текот на летото.

Сега моментно најдобриот фудбалер на светот има 33 години, но и натаму блеска на терените и после принудната пауза поради пандемијата на коронавирус.

Извори блиски до клубот за „ЕСПН” изјавиле дека претседателот Жозеп Марија Бартомеу не брзал да го затвори договорот, поради ситуацијата со Ковид-19 и фактот дека таткото на Меси, Хорхе, сè уште е во Аргентина и не дозволува работите брзо да напредуваат.

Меси е најплатен фудбалер на светот, годишно заработува 70 милиони евра. Желбата на Бартомеу е договорот да биде биде потпишан пред неговиот мандат да истече следниот јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот