Лео Меси им се врати на рекордите (ФОТО)

twitter/FC Barcelona

Аргентинецот стана единствениот играч во историјата на најсилното шпанско првенство кој во 12 сезони по ред има најмалку 20 постигнати голови.

Лионел Меси имаше уште еден одличен настап во првиот натпревар после паузата поради пандемијата на коронавирус.

Фудбалерот на Барселона реализираше еден погодок на гостинскиот меч во рамките од шпанската „Ла Лига“ против Мајорка, доволно да дојде до нов рекорд во кариерата.

Аргентинецот стана единствениот играч во историјата на најсилното шпанско првенство кој во 12 сезони по ред има најмалку 20 постигнати голови.

Покрај тоа, тој сега има и 14 асистенции во досегашниот шампионат, па во моментов е најдобриот стрелец и најдобар асистент во лигата.

Меси постигна неверојатни 628 голови на 719 натпревари за сениорскиот тим на Барселона која моментно е прва на табелата со пет бода повеќе од Реал Мадрид кој има еден меч помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот