Меси, Озил, Ибрахимовиќ, Алаба: Играчи кои ќе бидат бесплатни во 2021 година!

Фото: marca.com

Фудбалските експерти предвидуват дека летниот преоден рок наредната година ќе биде еден од најинтересните. Голем број на врвни играчи ќе бидат слободни на трансфер пазарот, освен доколку до тогаш не ги продолжат нивните договор со клубовите.

На оваа листа според шпанската „Марка“ најзвучно име е членот на Барселона, Лионел Меси кој има договор со каталонската екипа до лето 2021 година.

Аргентинецот дури и изрази желба да си замине од „Камп Ноу“ минатото лето, се поврзуваше со преселба во Манчестер сити, но на крајот одлучи да остане. Дали можеби новиот претседател на клубот после изборите ќе го натера еден од најдобрите играчи на светот да остане во Барса уште долго време, останува да се види.

Фото: Серхио Рамос (Реал Мадрид)/Твитер

Тука е и искусниот дефанзивец на Реал Мадрид, Серхио Рамос кој има договор со „кралевите“ до лето 2021 година. Се шпекулира дека можно е во наредните неколку месеци да стави нов потпис кој ќе го врзува со мадридскиот состав до 2023 година и каде би можел да ја заврши кариерата, но и натаму нема ништо официјално.

СЛОБОДНИ ИГРАЧИ ВО 2021 ГОДИНА

Лионел Меси (Барселона)
Серхио Рамос (Реал Мадрид)

Серхио Агуеро (Манчестер сити)
Мемфис Депај (Лион)

Џорџино Вијналдум (Ливерпул)
Давид Алаба (Баерн Минхен)

Лука Модриќ (Реал Мадрид)
Анхел ди Марија (ПСЖ)

Диего Коста (Атлетико Мадрид)
Ерик Гарсија (Манчестер сити)

Рики Пуиг (Барселона)
Јулијан Дракслер (ПСЖ)

Џанлуиџи Донарума (Милан)
Хакан Чалханоглу (Милан)

Месут Озил (Арсенал)
Аркадиуш Милик (Наполи)

Единсон Кавани (Манчестер јунајтед)
Џовани Рејна (Борусија Дортмунд)

Жером Боатенг (Баерн Минхен)
Хави Мартинез (Баерн Минхен)
Златан Ибрахимовиќ (Милан)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот