Меркел му честита на Курти, го повика да го посети Берлин

Меѓу нив, Меркел ги спомна, владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата, подобрување на економската состојба и дијалогот со Србија.

Германската канцеларка Ангела Меркел, му честиташе на Албин Курти за премиерското место и го повика да ја посети Германија.

Во официјалното писмо, објавено на веб-страницата на германската влада, канцеларката Меркел вели дека Курти и косовската влада имаат многу важни задачи пред себе.

Меѓу нив, Меркел ги спомна, владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата, подобрување на економската состојба и дијалогот со Србија.

Според Меркел, овие се главните чекори за обезбедување европска перспектива за Косово.

– Вие и вашата влада имате многу важни задачи пред вас. Пред се проширување на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, подобрување на економската ситуација и посебно, дијалогот за нормализација со Србија. Овие се главните чекори за да се зацврсти европската перспектива на вашата земја. Федералната влада ќе продолжи да го подржи Косово на ваков начин, стои во писмото на Меркел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот