Меркел ја критикуваше Русија поради непочитувањето на договорот со Украина

меркел
Ангела Меркел/ Фото: EPA-EFE/Andreas Gora / POOL

Германија и понатаму ја поддржува Украина на својот пат кон ЕУ, истовремено работејќи на решавање на конфликтот меѓу Русија и Украина, изјави германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот со украинскиот претседател Володомир Зеленски во Берлин. 

„Ние ќе направиме се што можеме за да Украина може да продолжи на вистинскиот пат, патот кон Европската Унија. Верувам дека секоја идна германска влада ќе ја поддржи Украина и нејзината цел.“ изјави канцеларката Меркел. 

Меркел ја критизираше Русија, велејќи дека не го почитуваат договорот со Украина. 

На средбата меѓу двата лидера се разговараше за состојбата со гасоводот „Северен тек 2“ 

„Ние сериозно ја разбираме критиката на Украина кога е во прашање овој проект“ изјави Меркел. 

Меркел најави дека за „Северен тек 2“ ќе се разговара и на нејзината посета во Вашингтон. 

Зеленски нагласи дека ќе биде потребен поголем притисок врз Русија од страна на големите европски сили околу решавањето на овој проблем. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот