Бајден ќе се сретне со канцеларката Меркел, повод се за кибер нападите и „Северен поток 2″

Фото: EPA-EFE/KEVIN DIETSCH / POOL

Американскиот претседател Џозеф Бајден на 15 јули во Вашингтон ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, со која ќе разговара за кибер нападите врз американски компании и за гасоводот „Северен поток 2″ што се гради од Русија до Германија, соопшти Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки прецизираше дека Бајден и Меркел ќе разговараат за „рансомвер” нападите врз компании во САД, со кои се ограничува пристапот до компјутерски систем или сочуваните податоци и се бара откуп од жртвите на нападите.

Таа додаде дека Бајден сè уште гледа на Северен поток 2 како на „лоша работа”.

Псаки одби да каже дали ќе биде постигнат договор за американските тарифи за германската компанија „Северен поток 2 АГ” и нејзиниот извршен директор, кои беа привремено суспендирани.

Ова ќе биде прва посета на Меркел на Вашингтон откако Бајден стапи на функцијата во јануари годинава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот