Путин: Колку поефикасно работиме на фронтот, толку повеќе имаме шанси ја решиме војната на мирен начин

„Колку поефикасно работите на фронтот, толку повеќе имаме шанси да го решиме ова прашање по мирен пат“, им рекол претседателот на Русија Владимир Путин на високите генерали и министерот за одбрана на средбата која ја имале денеска, пренесуваат руските медиуми.

Според него руските сили секојдневно ги подобрувале своите позиции во сите правци во Украина и руската офанзива се одвива според планот. На состанокот во Кремљ со новиот министер за одбрана Андреј Белоусов, секретарот на рускиот совет за безбедност Сергеј Шојгу и високи генерали, Путин рече дека акциите на руската војска „продолжуваат во согласност со планот“ одобрен од Генералштабот.

Путин му се заблагодари на Шојгу за неговата претходна работа како министер за одбрана. Рускиот претседател истакна дека „многу работи не беа јасни пред почетокот на војната“ и додаде дека Шојгу ќе му помогне во управувањето со безбедносниот и одбранбен систем на државата.

Обраќајќи му се на Белоусов, Путин рече дека го назначил поради зголемените трошоци за одбрана и безбедност, кои оваа година се очекува да достигнат речиси 8,7 отсто од БДП или повеќе.

„Ова сè уште не е 13 отсто, како што беше случајот во Советскиот Сојуз, но сепак е значителна сума, солиден ресурс и овие средства мора да се користат внимателно и ефикасно. Овој однос меѓу одбраната и цивилната сфера мора да се интегрира во севкупната развојна стратегија на руската држава“, посочи рускиот претседател“, рекол Путин.

Рускиот лидер изјави дека нема да прави промени во составот на Генералштабот на руската армија. На средбата учествуваше и началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов.

„Сакам на сите да им биде јасно. Оваа борбена единица е развиена, функционира ритмички, работи успешно и не се очекуваат промени во неа“, рече Путин за рускиот Генералштаб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот