Мерка тешка 20 милијарди евра: Германците од 1.јули ќе плаќаат помал ДДВ

– Имаме шанси да ја вратиме економијата на патеката на раст во втората половина од годината, изјави министерот за економија Петер Алтмајер.

Пратениците од долниот дом на германскиот парламент дадоа поддршка на пакетот стимулативни мерки, со кои се предвидува намалување на данокот на додадена вредност од сегашните 19 на 16 отсто од 1. јули, пренесува „Ројтерс“.

Целта на усвоените мерки е поттикнување на растот на најголемата европска економија по негативните ефекти од пандемијата од корона вирусот.

Сега се очекува горниот дом од парламентот, Бундесратот, денеска попладне исто така да даде поддршка за намалување на ДДВ, мерка која владата ќе ја чини 20 милијарди евра, како и низа други мерки, вклучувајќи и исплата на бонуси за семејствата од 300 евра по дете.

– Имаме шанси да ја вратиме економијата на патеката на раст во втората половина од годината, изјави министерот за економија Петер Алтмајер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот