Мерил Стрип го продава станот во Њујорк за 18 милиони евра, погледнете како изгледа (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Холивудската ѕвезда Мерил Стрип (70) е подготвена за нови промени и овој пат таа одлучи да го продаде луксузниот пентхаус во Њујорк по цена од 18.25 милиони долари.

Нејзиниот стан првпат на пазарот се најде во август минатата година и првата цена изнесуваше 24.6 милиони долари. Неколку месеци после тоа, актерката ја симна на 19,75 милиони, но и тогаш не успеа да го продаде. Станот неколку месеци беше повлечен од продажба.

Фото: Профимедиа

Пентхаусот се простира на цел еден спрат во „River Lofts“ зградата која се наоѓа во модерната њујоршка област Трибек. Станот е со површина од 400 метри квадратни и нуди неверојатен панорамски поглед на светскиот трговски центар и Крајслер и Емпајр зградата од  другата страна.

Фото: Профимедиа

Станот има големи дневни соби, четири спални соби, пет тоалети, соба за вежбање и огромна тераса која пружа поглед на целиот град, но и личи на зелена мала оаза во срцето на бетонската џунгла.

Погледнете како изгледаат становите во овој дел од Њујорк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот