Мерц: ЕУ оди по „многу добра линија“

Се обврзав дека ЕУ нема да стане унија за транфер за пари, вели водечкиот кандидат кој треба да ја наследи Меркел.

Европската унија мора да биде претпазлива да не стане „унија за трансфер” во која се бара од побогатите земји-членки финансиски да ги поддржат посиромашните членки, изјави денеска Фридрих Мерц, водечкиот кандидат кој треба да ја наследи германската канцеларка Ангела Меркел.

Мерц, кој е адвокат по професија и поранешен лидер на парламентарната група на ЦДУ на Ангела Меркел, изјави дека ЕУ оди по „многу добра линија” за време на дискусијата за пакетот за финансиска помош, мислејќи на предлогот на Франција и Германија за фонд за опоравување вреден 500 милијарди евра.

Мерц рече дека кога бил член на Европскиот парламент и германскиот Бундестаг се согласил со Економска и монетарна унија (ЕМУ), ветувајќи на гласачите дека нема да стане европска унија за трансфер.

– Се чувствувам обврзан за ова ветување, а исто така, и не сакам да им давам аргументи на противниците на Европа кои би можеле да бидат злоупотребени за време на следната кампања за сојузни избори, рече Мерц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот