Мексиканската Ким Кардашијан почина по зафат за зголемување на задникот

Instagram

Познатата инфлуенсерка Џоселин Кано, која ја следеа дури 12,9 милиони луѓе на Инстаграм, почина на 29-годишна возраст.

Како што објавија странските медиуми, Џоселин починала по операцијата за подигнување на задникот, која била извршена на 7 декември.

Веста за нејзината смрт стигна до медиумите по објавата на инфлуенсерката Лира Мерсер.

– О, мој боже … Џосилин Кано почина во Колумбија, на операција. Тоа е сурово … – напиша Лира.

– Почивај во мир, убавице. Кралице на социјалните мрежи! Благослов за тебе, Џосилин Кано… – напиша инфлуенсерката Даниела Чавез.

Семејството на Џоселин Кано сè уште не се огласи официјално.

Бројни обожаватели со неверување се збогуваат од неа на социјалните мрежи.

Фановите ја нарекуваа Џоселин „мексиканската Ким Кардашијан“ поради облините кои многу потсетуваа на познатата старлета.

Instagram

Во последно време медицинските работници и хирурзите се обидуваат да го привлечат вниманието на девојките за големиот ризик постапката на зголемување на задникот.

Како што се наведува, стапката на смртност од зафатот со кој се подигнува задникот е 1 на 3.000, според PlasticSurgery.org., што е значително повисока од другите естетски зафати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот