Mеган Маркл му се заблагодари на колегата кој одби мито за да тврди дека спиеле заедно

Фото: Инстаграм Профимедиа

Кога британските таблоиди дознаа дека еднаш, за време на пауза од снимање на серија во која и двајцата имале епизодни улоги, тој излегол на ручек со Меган, му понудиле 70.000 долари за да каже дека се во врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simon Rex (@simonrex415)

На американскиот актер Сајмон Рекс му требаше долго време за да проговори за маките и грижите што му ги нанесоа британските таблоиди. Тој беше „на мета“ поради фактот што еднаш излегол со Меган Маркл во 2005 година, што таблоидите сакаа да го протолкуваат како врска, односно уште полошо – дека спиеле заедно.

– Не се ни бакнавме. Ништо не се случи. Само во една прилика се дружевме како колеги. Таа беше некој што го запознав на истиот проект, ручавме заедно и тоа беше тоа – изјави Сајмон за „Гардијан“.

На Сајмон, ѕвезда на серијата „Црвената ракета“ му биле понудени, како што вели, 70.000 долари за интервју во кое би излажал дека спиел со Меган. Парите, се разбира, му биле понудени воочи или по нејзиниот брак со принцот Хари во 2018 година.

„Тогаш бев без цент. Навистина ми требаа пари. Но, повеќе би сакал да користам бонови за храна отколку да го направам тоа“, неодамна откри ѕвездата на „Scary movie“.

Меган некако дознала за кавалерскиот гест на Сајмон. Сигурно се сетила како се запознале на снимањето на „Cuts“ во 2005 година (тоа беше снимањето на епизодата „My Boyfriend’s Back“ во која тој имаше и мала улога), па му испратила писмо со благодарност.

„Убаво е да се знае дека сè уште има добри луѓе“, напишала Меган, пренесува „ЈуЕс викли“. А, тој ја врамил пораката и ја чува во својот дом во Калифорнија.

Низ што поминувалa неговата поранешна колешка по склопувањето на кралскиот брак, Сајмон дознал во март 2021 година во интервјуто на Меган и Хари со Опра Винфри, каде војвотката од Сасекс зборуваше и за нејзините психички проблеми предизвикани поради фактот што за дел од британските медиуми (и за дел од кралското семејство) не била прифатлива како сопруга на Хари.

epa-efe
Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

„Едноставно не гледав решение. Седев навечер и мислев дека сето тоа ме обзема. Сфатив дека сето тоа се случува само затоа што дишев. Ми беше многу срам да го признаам тоа, се срамев што морам да го признаам тоа на Хари затоа што знам колку загуби претрпе… Едноставно не сакав повеќе да бидам жива. И тоа беше многу јасна, постојана и застрашувачка мисла“, рече тогаш Меган.

Инаку, по неколку години „суша“, Сајмон Рекс му тргнало на деловен план. Дека доброто со добро се враќа е факт за Сајмон, бидејќи тој во последните години нижи филмски проекти. Дури сега во четириесеттите години, актерот може да каже дека конечно успеал без да се согласи да биде лажго и подмитен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simon Rex (@simonrex415)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот