Медиумска и психолошка војна во Нагорно Карабах: Азербејџан објави снимка од напад во кој гинат ерменски војници (ВИДЕО)

Азербејџанското Министерство за одбрана објави видео на Твитер во кое се гледа напад со беспилотно летало врз ерменски војници.

Според прес-службата на Министерството за одбрана на Азербејџан, резервните сили на ерменската армија биле откриени и уништени со дронот.

– Нашите единици ги открија и уништија резервните сили кои пристигнаа на помош”, соопшти азербејџанското Министерство.

Твитер налогот на азербејџанското МО не е верификуван, но на 3 август, кога тоа Министерство реагираше на лажни профили создадени од Ерменци, како вистински го посочи линкот каде сега е објавено видеото со напад на дрон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот