Маж починал на лет до Минхен

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Маж починал на летот од Бангкок за Минхен, потврдија патниците. Германскиот државјанин, за кој се вели дека имал 63 години, му станало лошо откако тој и неговата сопруга се качиле во авионот на Луфтханза во четвртокот, велат очевидци.

Човекот почнал да се поти и имал проблеми со дишењето, но неговата сопруга му рекла на екипажот дека е подготвен за летот и всушност е само уморен затоа што морал да трча за да стигне до таму, се вели во извештаите. Мартин Мисфелдер, патник во авионот, рече дека состојбата на човекот нагло се влошила веднаш по полетувањето и тој почнал да плука крв.

Тој додаде дека несреќниот човек потоа почнал да крвари од устата и носот. „Тоа беше апсолутен хорор, сите врескаа“, изјави тој за швајцарскиот весник Блик. Тој тврди дека човекот искашлал „литри крв“ и дека ѕидовите на авионот биле испрскани, пренесува Скај њуз.

Стјуардесите поминале околу 30 минути обидувајќи се да го реанимираат мажот пред да биде прогласен за мртов. Авионот Ербас А380 потоа се вратил во главниот град на Тајланд откако поминал само час и половина во воздух. Инаку, летот од Бангкок до Минхен трае 12 часа.

Мисфелдер изјави за Блик дека настанал „хаос“ кога авионот слетал. Според него, најлошо било да се види како сопругата на починатиот поминувала низ царина и ги извршувала сите формалности. Луфтханза соопшти дека сите патници биле префрлени на алтернативни летови за патување кон дома.

„Иако екипажот и лекарот во авионот веднаш презедоа сеопфатни мерки за прва помош, патникот почина за време на летот. Нашите мисли се со роднините на починатиот патник. Жалиме и за непријатностите што ги имаа патниците на овој лет“, заклучи авиокомпанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот