Масовен егзодус на Русите од Крим: За 24 часа, 38.000 автомобили го поминале Кримскиот мост

Фото: Принтскирн / Јутjуб

Руските државни медиуми јавуваат дека рекорден број автомобили поминале преку мостот Крим, кој го поврзува Крим со Русија, што сугерира дека Русите кои се населиле на полуостровот по анексијата во 2014 година, сега бегаат во Русија.

Според ТАСС, само за еден ден преку мостот поминале 38.000 автомобили.

Во меѓувреме на социјалните мрежи беа објавени сателитски снимки од експлозиите. Тие покажуваат како изгледала локацијата на која се случиле експлозиите пред детонациите и како изгледа сега.

Изминатата недела Крим беше на неколкупати цел на украински ракетни напади. Вчера беше погоден магацин со муниција на руската армија во областа Џанкој што предизвика серија експлозии. Претходно, беше ракетирана и воздухопловната база на руската авијација, каде според украинците, биле уништени неколку борбени авиони

Овие напади според Киев се дел од контраофанзивата на украинската армија со цел, како што е наведено, ослободување на окупираните територии и протерување на рускиот агресор од полуостровот кој беше анектиран од страна на Русија во 2014 година.

Нова стратегија на Украина – фокус на саботажи за да се создаде хаос во Русија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот