Нова стратегија на Украина – фокус на саботажи за да се создаде хаос во Русија

Украинска специјална единица во Крим / EPA-EFE/OLEG PETRASYUK
Украинска специјална единица во Крим / EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Советникот на Зеленски, Михајло Подољак, откри која е новата стратегија на Украина, која според него, почнала да дава добри резултати.

Украина започна контраофанзива чија цел е да создаде „хаос во руските сили“ со удари на линиите за снабдување на напаѓачите длабоко во окупираните територии, изјави главниот советник на претседателот Зеленски, Михаил Подољак.

Подољак за Гардијан изјави дека ќе се изведат уште вакви напади во „следните два или три месеци“ слични на мистериозните напади во вторникот врз железничката клучка и воздушната база на Крим, како и минатонеделниот напад врз руските воени авиони на аеродромот Саки на кримскиот полуостров.

Михаило Подољак / Фото: ЕПА

Русија соопшти дека пожарот во вторникот предизвикал експлозии во складиште за муниција во кримската област Џанкој – инцидент за кој Подољак посочи дека е потсетник дека „Крим окупиран од Русија ќе биде цел на експлозии врз руските окупатори и висок ризик од смрт за напаѓачите и крадците“.

Украина не ја презеде одговорноста за овие напади. Сепак ове експлозии предизвикаа бројните руски туристи кои се најдоа низ плажите на Крим панично да избегаат од овој полуостров. Вчера беа регистрирани големи редици на луѓе пред железничката станица во регионалната престолнина Симферопол, кои панично се обидувале да го напуштат полуостровот.

Михаило Подољак/Фото: Твитер

Советникот на Зеленски, кој често се опишува како трета најмоќна фигура во земјата, информираше дека пристапот на Киев е во целосна спротивност на употребата на жестока артилериска моќ која ја спроведува Москва со цел заземање територии во источниот регион Донбас, каде што руските трупи уништуваат градови како што тоа го направиле со градовите Мариупол и Севернодоњец со цел да освои туѓа територија.

Русија некако ги научи сите дека за контраофанзива е потребно огромно количество воена сила, која како џиновска воена машинерија ќе се движи само во една насока“, но „украинската контраофанзива изгледа многу поинаку оцени Подољак. Ние не ги користиме тактиките од 1960-тите и 1970-тите.“ Сепак, овие забелешки може да се протолкуваат и како признание дека Украина се бори да собере количество луѓе и воен материјал потребни за да се одржи целосна контраофанзива на југот на земјата. што обично бара супериорност во бројноста или најмалку три према еден војник.

Наместо тоа, Украина се обиде да го отсече Херсон, единствениот град кој е под контрола на Русија на западниот брег на реката Дњепар, со оштетување на патните и железничките мостови користејќи новодоставена западна ракетна артилерија до точка каде што Русија веќе не е во состојба ефикасно да ги снабдува своите сили.

Руски војници / Херсон / EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Подољак побара „уште 50, 60, 80“ системи MLRS (системи за повеќекратно лансирање ракети над постоечкиот арсенал од околу 20, од ​​кои 16 се од типот ХИМАРС за кои советникот ги опиша како „многу добри“.

Со помош на ракети со долг дострел обезбедени од Западот, Подољак додаде дека Украина се надева дека ќе ја деградира силата на напаѓачите преку „недостаток на залихи и недостаток на муниција“, што ќе ги „присили Русите да се борат како во првите месеци од војната. . Во раните фази на конфликтот, неорганизираната руска армија не успеа да го заземе Киев откако напаѓачите се заглавија во серија сообраќаен метеж на патиштата што водат во градот, што ги остави ранливи на украинската пешадија и противтенковско оружје.

Ракетен систем ХИМАРС фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Коментирајќи го минатонеделниот напад врз руската воздухопловната база Подољак рече дека Русите имале „различна физика“ ако веруваат дека експлозиите се резултат на фрлените цигари што предизвикуваат експлозија на депонии за муниција, пред да се предвиди повторување на таквите напади зад релјефот во иднина.

„Секако дека се согласувам со руското Министерство за одбрана, кое предвидува уште вакви инциденти во следните два, три месеци. Мислам дека би можеле да видиме повеќе такви настани“, рече Подољак.

Кримски мост
фото: EPA-EFE/ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Тој, исто така, сигнализираше дека Украина го смета кримскиот мост што го поврзува окупираниот полуостров со руското копно за легитимна воена цел. „Тоа е дивоградба и главната порта за снабдување на руската армија на Крим. Таквите објекти треба да се уништат“, рече тој.

Сателитски снимки од експлозиите на Крим/ Фото Planet Labs PBC

Украина засега барем официјално не презема одговорност за нападот на воздухопловната база Саки,каде голем број руски стратешки цели беа погодени длабоко зад линијата на фронтот.

Во понеделникот имаше шпекулации дека Евгениј Пригожин, руски бизнисмен, наводно поврзан со приватната воена компанија Вагнер, бил ранет или убиен во украински ракетен напад во Донбас.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот