Машка навика по водење љубов која ги излудува жените: Зошто се случува?

Фото: Pexels/kampus production

Честопати мажите по секс заспиваат од замор, додека нивните партнерки би сакале да се гушкаат, разговараат и да разменуваат нежности. Ова за многу жени е една од најиритирачките ситуации во нивната романтична врска, а често и причина за несогласувања. Но, науката вели дека има многу добри причини зошто се случува тоа.

Замор

Првата и најважна причина е заморот и недостатокот на енергија, кои често се јавуваат во поголема мера кај мажите отколку кај жените. При сексуалниот однос, гушкањето и сите останати активности под чаршафите, мажите ја вложуваат целата своја енергија и многу повеќе чувствуваат замор по односот.

Ослободување од стрес и напнатост

Друга причина е ослободувањето од стресот, напнатоста и стравот што се јавува при доживување на оргазам. За разлика од жените, мажите речиси секогаш доживуваат , па затоа имаат и поголема потреба за сон и поинтензивна релаксација.

Хемиските реакции при доживување на оргазам

За време на ејакулацијата, мажите ослободуваат коктел од мозочни хемикалии, вклучувајќи ги норепинефрин, серотонин, окситоцин, вазопресин и хормонот пролактин. Хормонот пролактин е тесно поврзан со спиењето, што е една од причините зошто мажите заспиваат веднаш по сексот.

Неконтролирано дишење

Мажите за време на сексот, особено оној побрз и поинтензивен, го потиснуваат дишењето или дишат многу побрзо, поради што во организмот влегува помалку кислород од вообичаено. Па така, ова е уште една од главните причини зошто повеќето мажи се чувствуваат многу уморни после сексуалниот однос и веднаш заспиваат.

Најчесто не сакаат да ги анализираат своите искуства

Жените имаат потреба да ги анализираат своите искуства, а мажите најчесто ги занемаруваат. Па, полесно им е да продолжат со други активности или едноставно да заспијат. Ако мажот не е добар соговорник во моментите кога жената најмногу тоа го очекува од него, тоа често може да создаде чувство на лутина, а во некои ситуации и вина. Затоа е важно да се земе предвид за разликите помеѓу машкиот и женскиот мозок и да се има меѓусебно разбирање

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот