Масакар на Мадагаскар: 46 лица загинаа во судир меѓу крадци на говеда и селани

Селани во Мадагаскар/ Фото MAXINE HICKS / Alamy / Alamy / Profimedia

Најмалку 46 лица загинале на Мадагаскар во судир меѓу крадци на говеда и селани.

Нападот се случил во општината Маровицика на југоисток од земјата.

Околу 120 вооружени мажи извршиле рација во две села, Амбохицохи и Вохитимбе.

Државната комисија за човекови права објави дека ќе спроведе независна истрага за нападите. Се вели дека со тоа ќе се обезбеди подобра безбедност на локалното население, пренесува Џи-Би-Си.

Конфликтите меѓу крадците на говеда и селаните често се случуваат во таа област.

Мадагаскар, земјата која се бори со глад: Четири години без дожд, деца се хранат со бубачки, водата ја пијат од бари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот