Мароканскиот фудбалски херој кој пред 36 години ја урна Португалија: Сè е можно и сега

фото: EPA-EFE/Mohamed Messara

В сабота (10 декември) од 16.00 часот во четвртфиналето на Светското првенство во Катар силите репрезентацијата на Мароко ќе игра против Португалија.

Поранешниот марокански фудбалски репрезентативец Абдеразак Хајри, кој со головите на Светското првенство во Мексико во 1986 година го испрати Мароко во втората фаза од натпреварувањето, а Португалија дома, изјави дека верува во нов подвиг на Мундијалот во Катар.

– Мароко е способен да направи изненадување – прогнозира поранешниот марокански репрезентативец, главниот „архитект“ во историската победа од 3:1 против Португалија пред 36 години.

– Мисијата нема да биде лесна, но јас верувам во неа – изјави 60-годишниот Хајри во телефонското интервју за „Франс прес“.

На тој 11 јуни 1986 година, Хајри беше херој откако постигна два гола против Португалија во последниот натпревар од групната фаза.

Тоа беше историски триумф што му овозможи на Мароко да бие првата африканска селекција што стигнала до осминафиналето на Светското првенство. Доколку избраниците на Валидо Реграги утре ја победат Португалија, ќе станат првата африканска селекција што се пласира во мундијалско полуфинале.

Португалците демантираат: Роналдо не се заканил со заминување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот